Поврзете се со нас

Италија

По освоеното злато и трансферот во Милан, Мората сега објави дека ставил крај на една незаборавна етапа од животот (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Алваро Мората доживеа лето за паметење, бидејќи стана европски шампион и се закити со злато како капитен на Шпанија, а потоа направи и трансфер во италијанскиот великан Милан.

Мората имаше нависитна интензивен период во месец јули, но некаде на средина на месец август реши да соопшти и една тешка одлука која ја донел со својата животна сопатничка.

Шпанскиот напаѓач денеска ја извести јавноста дека ја прекинал врската со својата сопруга Алис Кампело, со која се разделуваат по осумгодишен брак во кој создадоа семејство со четири деца.

– После долго размислување, јас и Алис одлучивме да тргнеме по различен пат. Имавме неверојатна врска, имаше взаемна почит и се сакавме и поддржувавме во секоја ситуација. Минавме незаборавни години заедно, а доказ за тоа се нашите четири деца. Тоа е најдоброто нешто што го направивме. Ова е тешка одлука за двајцата и бараме почит и емпатија. Немој да измислувате приказни, немаше никаква непочит, едноставно имавме недоразбирања кои на крајот не изморија и двајцата. Алис секогаш ќе има посебно место во моето срце, се што доживеав со неа беше голема школа за мене, – порача Мората.

На социјалните мрежи се огласи и Алис, која посочи дека немало „трети лица“ во нивата врска, потенцирајќи дека се разделуваат на срдечен и пријателски начин.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни