Поврзете се со нас

Италија

По новиот погодок на Македонецот: „Вилијам Хил“ му посвети статус на безвременскиот Пандев (ФОТО)

Објавено

на

blank

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев со мајсторски погодок ја започна новата сезона во Серија А.

Пандев со мајсторски погодок ја отвори сезоната во Серија А (ВИДЕО)

Напаѓачот успеа да се запише во листата на стрелци на дуелот со Кротоне и тоа откако го надмудри голманот Кордаз со лоб удар.

Овој погодок на струмичанецот предизвика многу реакции на социјалните мрежи со оглед на тоа што Гоче и на 37 години и понатаму стрела во Калчото, а меѓу оние кои посветија статус беше и познатиот синџир на обложувалници „Вилијам Хил“.

-2050-та година, Горан Пандев се уште дава голови во Серија А, – порачаа „Вилијам Хил“ што е всушност повторување на статусот од пред неколку месеци кога ветеранот погоди против Калјари.

Воедно Џенова стана првата екипа по Торино од сезоната 1976/77 кога успеала на отварањето на новиот шампионат да даде два гола во првите десет минути.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни