По неколкуте засилувања на ред е и првото заминување од Милан: Еден од најдобрите играчи во минатото го напушта клубот

milan

Милан и во јануари се засили со неколку фудбалери, а  главна ѕвезда на преодниот рок беше Златан Ибрахимовиќ кој се врати во својот стар клуб.

По ангажманот на новите засилувања сега ќе следат неколку заминувања од таборот на Милан, а се чини дека прв кој ќе си оди е шпанскиот интернационалец Сусо.

Сусо изминативе години беше меѓу најдобрите играчи на клубот, но оваа година не игра во најдобро светло. Токму затоа од Милан се решиле да ја прифатат понудата на Севилја за 18 месечна позајмица на Сусо со задолжителен откуп на неговиот договор во случај Севилја да се пласира во Лигата на шампионите.

Освен Сусо, таборот на „росонерите“ наскоро би требало да го напушти и Криштоф Пјонтек кој е на пат кон Премиер лигата од каде има интерес од Тотенхем, Челси и Манчестер Јунајтед.

Facebook Коментари