Поврзете се со нас

Италија

По Матиќ, Мурињо носи уште едно топ засилување во Рома

Објавено

на

Откако беше официјализиран трансферот на Немања Матиќ во Рома, медиумите на Островот почнаа да шпекулираат дека уште еден играч од Манчестер ќе се пресели во главниот град на Италија.

Немања Матиќ денеска и официјално стави потпис на договор со „римската волчица“, а неговите стапки би можел да ги следи и Илкај Гундоган.

И покрај тоа што беше човекот на одлука во последното коло од Премиер лигата и практично му ја донесе титулата на Манчестер Сити, Гундоган ќе биде продаден од клубот ова лето.

Големи се шансите германскиот репрезентативец да продолжи токму во Рома, клуб на чија клупа седи легендарниот Жозе Мурињо.

Токму Мурињо инсистирал да се направи трансфер на Гундоган со што тој би формирал искусен и одличен среден ред  во кој би биле играчот на Сити и Немања Матиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни