Поврзете се со нас

Италија

Трета среќа за дефанзивец: Рома договори поранешен играч на Атлетико (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

По крајот на летниот преоден рок, Даниеле Де Роси направи резиме на направените операции и истакна дека е задоволен од последните засилувања, но тренерот на Рома нагласи дека тимот сепак има недости на ресурси во одбраната.

Предводникот на „волчицата“ побара од управата да му донесе уште еден играч во дефанзива по крајот на трансфер пазарот, а како што стојат работите, оваа желба ќе му биде брзо остварена.

Некои клубови се уште се активни и по крајот на 30-ти август, а причина за тоа е слободните агенти на трансферот пазарот, статус каков што ужива и Марио Ермосо.

Долгогодишниот играч на Атлетико Мадрид го напушти тимот на Чоло Симеоне после пет години, па сега по истекот на преодниот рок пристигна во Рим и ќе биде претставен како последно летно засилување.

Со ангажманот на стоперот, Де Роси и дефинитивно ќе го комплетира за сезоната која штотуку започна, нешто што и официјално ќе се случи откако фудбалерот ќе ги мине потребните медицински тестови.

Ова е посебно важно бидејќи претходниот пик Кевин Дансо не ги помина прегледите, додека трансферот на Тиаго Џало беше откажан во последен момент.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни