Поврзете се со нас

Англија

По Костиќ, Мурињо ќе ја спасува и пропаднатата ѕвезда на Јунајтед вредна 95 милиони евра

Објавено

на

Foto:x.com/Fenerbahce_EN

Јувентус ова попладне официјално информираше дека Филип Костиќ ќе игра на позајмица во Фенербахче до крајот на сезоната, но постојат големи шанси ова да не биде последното звучно засилување за Жозе Мурињо до крајот на трансфер пазарот во Турција.

Преодниот рок во оваа земја трае до 13-ти септември и веќе видовме неколку интересни операции, но по Виктор Осимен и Филип Костиќ, следен играч кој може да направи трансфер во Турција е Антони.

Бразилската ѕвезда пропадна во Манчестер Јунајтед и во ниту еден момент не ги оправда вложените 95 милиони евра од „црвените ѓаволи“, а сега ситуацијата во првиот тим е толку лоша за него, што веќе не е ниту опција од клупата.

Антони играше само една минута на првите четири меча на стартот на сезоната и стана јасно дека е четврта или петта опција на Ерик Тен Хаг, причина која го натерала сериозно да размислува на трансфер и да се пресели во Турција.

Како што јавуваат англиските медиуми „Сан“, „Дејли мејл“ и „Дејли Експрес“, Антони директно побарал да биде пратен на позајмица во Турција, а во овој момент како најсериозен кандидат за неговиот потпис е Фенербахче.

Великанот од Истанбул е во пол-позиција да го ангажира Антони, бидејќи според информациите, Жозе Мурињо дал зелено светло за комплетирање на операцијата, уверен дека може да го извади најдоброто светло од Бразилецот кој претходно блескаше во Ајакс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни