По интернет заканите, стигнаа и заканите преку телефон за судијата Оливер

juve-besni

Дуелот меѓу Реал Мадрид и Јувентус и контоверзниот пенал кој го досуди судијата Мајкл Оливер се уште е во центарот на вниманието на фудбалската јавноста, голем број од актерите на таа средба гласно го искажаа својот став, се огласија и некои фудбалски судии, легенди на овој спорт.

На ред дојдоа и фановите на Јувентус  кој успеаа да ископаат еден интересен детал каде сопругата на англискиот судија Мајкл Оливер, Луси Оливер заедно со него биле во посета на шпанската престолнина во 2016 година.

Но, како да беше малку целата ситуација околу нејзиниот сопруг, сега и на неа се нафрлија со невкусни зборови и со навреди кон неа.

Најновото од шпанската сапуница е телефонскиот број на Луси Оливер кој беше споделен насоцијалните мрежи и веднаш потоа почнале да и стигнуваат закани преку смс, а некои и дури се јавувавле и и се заканувале по животот.  Судијата Оливер веднаш ги пријавил заканите, а полицијата веднаш реагирала иму обезбедила заштита.

Facebook Коментари