По голем пресврт до победа во Супербоул: Канзас Сити е нов шампион на НФЛ лигата (ВИДЕО)

sp-kanzas

Екипата на Канзас Сити е новиот шампион во НФЛ лигата и тоа откако во големото финале во Мајами славеа над Сан Франциско со 31:20.

Сега веќе новиот шампион влезе во последниот период со голема негатива од 20-10, но популарните Чифси беа одлучни, да дојдат до голем пресврт и титулата, цел која успеаа да ја остварат пред се поради одличниот квотербек Патрик Махомс кој проработи во вистинско време и уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите играчи во лигата.

Махомс го раздвижи нападот на Канзас по што се беше полесно и „домаќините“ го освоија Супербоулот по 50 година.

На овој голем настан во САД беа присутни голем број на ѕвезди, пред натпреварот химната ја отпеа Деми Ловато, додека на полувремето спектакл направија Шакира и Џенифер Лопез.

Facebook Коментари