Поврзете се со нас

Англија

По финалето од Лига Европа, Манчестер Јунајтед ќе го награди својот најдобар фудбалер со нов договор

Објавено

на

Медиумите во Англија пренесуваат дека од таборот на Манчестер Јунајтед се подготвени да го наградат својот најдобар фудбалер, Бруно Фернандеш со нов договор.

Португалецот во моментов има договор валиден до 2025 година според кој заработува по 100.000 фунти неделна плата.

Сега, како што пишува „Сан“,претставници на клубот ќе се сретнат со агентот на Бруно пред стартот на Европското првенство кое е закажано за средината на јуни.

На Фернандеш ќе му биде понуден нов договор според кој ќе заработува по 200.000 фунти неделна плата, а истиот ќе му биде понуден по крајот на финалниот натпревар од Лига Европа кој е закажан за 26 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни