Поврзете се со нас

Свет

По добрите резултати: Данците размислуваат да го остават Кнудсен на селекторската позиција

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/DBUfodbold

Селекцијата на Данска одлично од одработи овој септемврски „прозорец“ во Лигата на нации каде забележа две победи без примен гол против Швајцарија и Србија.

Двата триумфи од по 2-0 донеа проблеми за Данците кои размислуваат да го задржат Ларс Кнудсен на селекторската позиција. Имено новиот предводник Мортен Вигхорст се уште е на боледување поради стрес, односно Кнудсен неочекувано влезе во овој предизвик за да сега постои можност тој да продолжи да ја врши оваа функција и во октомври.

-Не размислував за натпреварите во октомври. Бев целосно фокусиран на завршување на овие задачи со тимот и стручниот штаб. Мило ми е што се помина добро. Сега ќе земам слободен ден. Ова беше фантастично искуство.

-Се трудев да си ја работам работата за да можеме што подобро да го направиме тоа што беше пред нас. Така, во понеделник сум слободен, ќе поспијам малку, па ќе се вратам во Аугсбург, – изјави Кнудсен кој работи како асистент во клубот од Бундеслигата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни