Поврзете се со нас

Свет

По десет години: Миркуловски си заминува од Вецлар

Објавено

на

Foto: HSG Wetzlar/Mediashots

Македонската ракометна легенда, Филип Миркуловски ќе ја заврши приказната со бундеслигашот Вецлар по крајот на оваа сезона.

Миркуловски една деценија е дел од германскиот прволигаш, прво како играч, а потоа и како тренер, дел од стручниот штаб. Меѓутоа се има свој почеток и крај, па клубот ја информираше јавноста дека популарниот Жути си оди по завршувањето на натпреварувачката 2024/2025.

-Благодарен сум за времето овде како играч и за можноста да се докажам и да се развивам како тренер. Секако дека сум и тажен што повеќе нема да бидам дел од тимот. Во моментов ги разгледувам моите професионални опции за иднината. Но, се уште не е донесена одлука за ова, -изјави Миркуловски за клупскиот сајт.

Инаку Вецлар ќе добие нов тренер во следната кампања и тоа во името на Момир Илиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни