Поврзете се со нас

Англија

По четирите неуспешни обиди, Паратичи и Леви најдоа нов тренер со кој ќе преговараат

Објавено

на

Раководството на Тотенхем мака мачи да го пронајде перманентниот наследник на Жозе Мурињо кој ќе го води клубот следната сезона.

Од клубот првично си поставија нереални цели со евентуален ангажман на Маурисио Покетино и Антонио Конте, и ваквите опции веднаш пропаднаа иако со Конте се водеа неколкудневни преговори.

Потоа пред промоција во клубот беше Пауло Фонсека со кого лично преговарал Паратичи и меѓу кои имало усмен договор за соработка, меѓутоа потоа излегле некои финансиски проблеми па договорот отпадна. Кратко траеја шпекулациите и за Џенаро Гатузо кој дефинитивно нема да биде нов предводник на „петлите“.

Сега медиумите во Англија пренесуваат дека Нуно Еспирито Санто е кандидатот за наследник на Мурињо на клупата на Тотенхем. Нуно е без работа откако го раскина договорот со Вулверхемптон и веќе се поврзуваше со премин во Кристал Палас и Евертон.

Негов можен премин на „Гудисон“ се уште е можен, но Паратичи и Леви се надеваат дека во последен момент ќе го разубедат стратегот да ја прифати нивната понуда и да го предводи тимот на Тотенхем од следната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни