Поврзете се со нас

Македонија

По барање на фудбалерот: Шкупи го ослободи Фисник Зука

Објавено

на

Шкупи издоминира во есенскиот дел од сезоната и е сигурен лидер по 18 комплетирани рунди во Првата македонска фудбалска лига, но добрите изданија сепак не се гаранција за задржување на целиот ростер.

Гоце Седлоски одлично го вклопи тимот и забележа 13 победи во првиот дел од сезоната, но во вториот нема да може да смета на Фисник Зука кој сега самиот побарал раскин на договорот.

Актуелниот лидер на табелата без проблеми ја исполни желбата на фудбалерот и предвремено го прекина договорот, а во официјалното соопштение не пропушти да му се заблагодари на Зука.

– По првиот дел од сезоната во Првата македонската фудбалска лига, по барање и желба на играчите, врската меѓу Шкупи и Фисник Зука е завршена.

– Шкупи го потврдува заминувањето на 26-годишниот Фисник Зука, му се заблагодаруваме за придонесот и му посакуваме здравје и успех во кариерата, – гласи објавата на Шкупи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни