Поврзете се со нас

Англија

По Армас, Рангник додава уште двајца нему познати членови во стручниот штаб на Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Иако се најавуваше дека Ралф Рангник нема да пристигне со цел свој стручен штаб во Манчестер Јунајтед, сепак тоа ќе се промени и наскоро тој ќе комплетира тим на кој ќе може да се потпре во следните шест и пол месеци колку што ќе биде предводник на „ѓаволите“.

Веќе е јасно дека негова десна рака ќе биде Крис Армас, некогашниот тренерер на Њујорк Ред Булс и Торонто.

Сега, медиумите на Островот пренесуваат дека Рангник во својот тим ќе додаде уште најмалку двајца членови, а прв од нив ќе биде Саша Ленс кој веќе е во Манчестер и веќе се сретнал со играчите на Манчестер Јунајтед во Керингтон.

Станува збор за спортски психолог кој работел со Рангник и во Шалке и во Ред Бул Лајпциг, а ќе му помогне и во авантурата во Манчестер Јунајтед.

Тој со сигурност ќе седне до Рангник на клупата на „Олд Трафорд“, а за официјално да почне со работа се чека само да ја добие и потребната работна дозвола.

Јавноста во Англија го споменува и Џеси Марш, тренерот кој во неделата доби отказ од Ред Бул Лајпциг по слабиот старт на сезоната во Бундеслигата. Американецот се поврзува со асистентската позиција во Манчестер Јунајтед.

Доколку ги пополни овие три позиции речиси ќе биде сигурно дека Мајк Филан, кого го немаше во крупен кадар и на натпреварот со Кристал Палас ќе си замине од клубот, додека пак Кјеран Мекена би можел да биде прекомандуван во у23 тимот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни