Поврзете се со нас

Шпанија

По ангажманот на Димитриевски, Валенсија им соопшти уште една добра вест на своите фанови (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/valenciacf

Столе Димитриевски се претвори во прво летно засилување за Валенсија и минатата седмица доживеа промоција од новиот клуб, кој очигледно има за цел да го стабилизира својот проект кој беше доста разнишан во изминатите неколку сезони.

По ангажманот на најдобриот македонски чувар на мрежата, клубот од „Месталја“ денеска соопшти уште една добра вест за фановите, а тоа е новиот договор за миленикот на публиката.

Рубен Бараха ја извади Валенсија од многу тешка ситуација и спречи испаѓање во сезоната 2022-23, па откако тимот сериозно напредна изминатава сезона, целта е да се продолжи со растот и враќање кон врвот во Ла Лига.

Валенсија денеска со специјално видео во кое наратор е самиот Бараха потврди дека тренерот потпишал нов договор, според кој тренерската функција му е загарантирана до 2026-та година.

Ова секако е одлична вест за играчите од првиот тим и самите фанови, бидејќи Валенсија во послеедните неколку години важеше за клуб кој најчесто го менува својот тренер.

Бараха беше член од златната генерација на Валенсија која освои две титули во Ла Лига на стартот на новиот век, па токму поради тоа фановите во него гледаат симбол за верност и посветеност како лидер на актуелниот тим исполнет со многу млади фудбалери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни