Поврзете се со нас

Италија

По 8 години го напушти Наполи – продолжува во Интер

Објавено

на

Полјакот Пјотр Зиелински е новото засилување на Интер, откако Наполи не ја продолжи соработката со 29-годишниот играч за врска.

Долго време се зборуваше за преселбата на Зиелински од југот кон северот на Италија. Нероаѕурите зимавa се договорија со Полјакот да потпишат договор на три плус една година, а тој ќе добива 4,5 милиони евра по сезона.

Тимот од „Џузепе Меаца“ ќе ја брани титулата во Серија А, а носи човек кој има искуство во освојување на Скудетото. Зиелински успеа да го направи тоа во сезоната 2022/23 кога титулата стигна во подножјето на Везув по 33 години, а Полјакот беше важна алка во тимот тогаш предводен од Лучијано Спалети, актуелниот селектор на Италија.

Зиелински пристигна во Наполи во 2016 година од Удинезе. За осум сезони, тој постигна 51 гол на 364 натпревари во сите натпреварувања.

Се верува дека двете најголеми ѕвезди на гигантот од југот на „чизмата“ се на излезната врата, а станува збор за нигерискиот центарфор Виктор Осимен и грузискиот крилен напаѓач Квича Кварацхелиа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни