Германија
По 15 месеци молк откако си замина од Баерн се огласи Оливер Кан: Јас и Хасан дадовме се за овој клуб
По речиси 15 месеци откако беше отпуштен од функцијата генерален директор на Баерн, Оливер Кан отворено проговори за причините за заминувањето од најпознатиот германски клуб.
Кан тогаш доби „тежок удар“ од неговиот клуб, кој му забрани да го гледа дуелот за титулата во последното коло во 2022/23 против Келн.
Сега кога сето тоа е зад него, Кан без многу помпа вели дека сето тоа било дел од фудбалските работи.
„Тоа е дел од оваа работа. Јас и Хасан Салихамиџиќ знаевме точно што правиме, дадовме се за овој клуб. Промените на менаџерско ниво, а особено кога се менува претседателот на Управниот одбор на клубот, носат дополнителни промени и на пониските нивоа. И тоа е се што би рекол за моето минато на менаџерската позиција во Баерн“ – изјави Кан.
Како одговор на критиките дека тој и Салихамиџиќ дозволиле високи плати, Кан детално објасни што се случува.
„Платите секогаш се договарале и одобрувале од финансискиот директор и надзорниот одбор. Структурата на платите на клубот остана конкурентна со другите врвни европски клубови. Тоа беше целта, ништо повеќе“ – вели Кан, кој најавува дека наскоро ќе се врати на позицијата директор на голем европски клуб.
-
Италија23 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија18 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија23 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија16 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет21 час
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија24 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија15 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…