Поврзете се со нас

Македонија

ПМФЛ: Струга според планот, Работнички освои бод во Тетово, Ѓорѓиевски ја потопи Брера

Објавено

на

Струга Трим и Лум како актуелен шампион е единствениот тим кој е перфектен по само две одиграни кола во Првата македонска лига, бидејќи додека ривалите киксираат, шампионот засега е стопроцентен.

Најдобриот македонски тим во последните две години денеска на домашен терен ја пречека Беса, а кк клучен се покажа еден гол, оној на Радиќ на стартот на второто полувреме.

Тоа беше доволно за победа и нови три бода за Струга, која засега авторитативно го брани врвот и на стартот на новата сезона во Првата лига.

Од останатите натпревари, за издвојување е ремито во Тетово меѓу Шкендија и Работнички (1:1), Тиквеш победи против Воска Спорт со 2:1, додка Шкупи загуби од Гостивар на гостувањето со 2:0.

Најубедливо ова попладне одигра Силекс, бидјеќи кратовчани на домашен терен ја преслушаа Брера Струмица со 4:0. Играч на мечот беше Ѓорѓиевски, поранешниот младински репрезентативец кој постигна хет-трик во мрежата на струмичани.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни