Македонија
ПМФЛ: Шкендија победи и се осамостои на врвот, Вардар и Тиквеш ремизираа во Скопје
Натпреварувачкиот викенд беше презакажан за денеска и ова попладне се одиграа сите натпревари во првата Македонска лига, а 17-то коло донесе дерби на врвот и дерби на дното.
Гостивар и Силекс одиграа без победник во натпревар на кој не видовме гол, а беше покажан еден црвен картон (Симоновски од домашниот тим), додека реми исход имаше и во Скопје на дербито на дното.
Тиквеш прв поведе против Вардар на негов терен со погодокот на Спахиу во 41-та минута, но вториот дел донесе изразита доминација на домашниот тим, кој покрај тоа што израмни, пропушти и неколку шанси за победа.
Израмнувањето за Вардар го осигура искусниот Мишковски со удар со глава во 65-та минута, а во 89-та минута, двојна стопроцентна шанса не реализираше Омерагиќ од непосредна близина.
Напаѓачот на Вардар двапати го погоди голманот Тасев, па Тиквеш успеа да се избори барем за еден бод.
Овој епилог нема да задоволи ниту еден од двата тима, но ако Тиквеш останува последен, Вардар направи скок од едно место и сега е 10-ти.
Причина за тоа е и поразот на Воска Спорт од Шкендија (0:1), по што тимот од Тетово сега е самостоен лидер на табелата во Првата лига.
Главната разлика ја направи голот на Рамадани на стартот на вториот дел, момент кој го одлучи прашањето околу победникот на натпреварот во Охрид.
На останатите средби, Шкупи ја победи Струга со 3:1, Брера Струмица претрпе пораз од Работнички на домашен терен со 1:3, додека Пелистер беше подобар од Беса со 1:0.
-
АТП13 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија22 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Италија20 часа
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
Англија23 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
АТП22 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
АТП17 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
Италија21 час
Италијански великан фаворит за потписот на Вокер