Македонија
ПМФЛ: Работнички подобар од шампионот, Шкупи ја прекина лошата серија против Вардар
Работнички постигна два гола во првото полувреме на дербито со Струга и успеа да го победи актуелниот шампион, нанесувајќи му го првиот пораз (2:0) во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига.
Гандо Бјала и Аломеровиќ погодија во 26 и 40. минута од средбата за солидна предност на „романтичарите“, а Работнички истата ја задржа до крајот на средбата и го престигна денешниот ривал на табелата во ПМФЛ.
Шкупи со истиот резултат беше подобар од Вардар во дуел на две екипи кои имаа нови тренери токму во ова коло, а избраниците на Матија Мирков славеа убедливо на соочувањето со „црвено-црните“, предводени од Горан Петрески.
Гуџуфи и Ибиши ги постигнаа головите за Шкупи за одлука за победникот, a конечните 3:0 (Гуеје) беа поставени во судиското надополнување, за крај на серијата без победа за составот од Чаир, односно прва победа во третото коло од актуелната сезона.
До први победа стигнаа и Беса и Пелистер, додека Гостивар ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Воска Спорт, со триумф со резултат 0:2.
Вечерва својот натпревар ќе го одиграат и АП Брера и Шкендија.
Работнички-Струга 2:0
Шкупи-Вардар 3:0
Воска Спорт-Гостивар 0:2
Беса-Тиквеш 1:0
Пелистер-Силекс 1:0
Табела: Гостивар 7, Работнички 7, Струга 6, Шкендија 4 (-1)
-
Балканпред 15 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 14 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Англијапред 9 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
Светпред 16 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 13 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Шпанијапред 15 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
АТПпред 11 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…
-
Балканпред 14 часа
Гатузо се занесе и го бакна Ливаја во уста (ВИДЕО)