Поврзете се со нас

Македонија

ПМФЛ ќе брои 12 клубови во наредната сезона, нови прволигаши се Пелистер и Беласица

Објавено

на

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука да го прифати предлогот на Комисијата за натпреварување за продолжување на натпреварувачката сезона 2019/2020 од ПМФЛ која беше прекината во поради епидемијата со КОВИД-19.

Ова значи дека ќе се одиграат четирите преостанати кола од третиот круг по што ќе се дојде до фазата плеј-оф и плеј-аут и притоа нема да испаѓање на клубовите од елитната конкуренција. Во следната сезона пак бројот на клубови ќе биде зголемен и ќе изнесува 12, а нови членови на друштвото ќе бидат Пелистер и Беласица кои беа на првите позиции во вторите лиги Исток и Запад пред прекинот на кампањата.

Местата пак во Втората лига Исток и втората лига Запад  ќе се пополнат со одигрување на бараж натпревар помеѓу екипите кои во моментот на прекинот на натпреварувачката сезона 2019/2020 во Третите лиги се на првото место на табелата.

Кога е во прашање Купот на Македонија, нема да има по два натпревари во полуфиналињата, ќе се игра по еден, победниците одат во финалето во кое оној што ќе го освои трофејот обезбедува пласман европските натпреварувања на УЕФА.

Ова се останатите одлуки на Управниот одбор на ФФМ:

– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука да го прифати предлогот на Комисијата за младински фудбал за целосен прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во сите конкуренции;

– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука да го прифати предлогот на Комисијата за женски фудбал за целосен прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во сите конкуренции;

– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука да го прифати предлогот на Комисијата за футсал за целосен прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во сите конкуренции;

– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука да го прифати предлогот на Комисијата за базичен фудбал за целосен прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во сите конкуренции;

– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука Редовното Годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија да се одржи на 20. или 27. јуни 2020. година во Скопје.

„Куќа на фудбалот“ ќе продолжи да ја следи епидемиолошката состојба во нашата држава, како и  да ги почитува сите препораки и мерки од координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус CoVid-19.

– Управниот одбор на ФФМ, исто така, го разгледуваше дописот од ИФАБ и ФИФА во однос на промената на бројот на замени на фудбалери на еден натпревар, а на дневен ред беше и барањето од Федерација за планинарство за поддршка на Илина Арсова за доделување награда за индивидуално спортско достигнување.
– Управниот одбор донесе и одлука за промена на почетокот на преодниот рок кој сега ќе започне на 3. август 2020. година.
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни