Поврзете се со нас

Македонија

ПМФЛ: Голема победа за Вардар во Кавадарци, Шкендија според планот, Шкупи го преслуша шампионот

Објавено

на

Foto:facebook.com/FKVardarSkopje

Првата македонската фудбалска лига донесе шест натпревари во попладневната неделна програмата, а мора да се напомене дека денеска имаше навистина интересни пресметки на кои видовме и доста голови.

Вардар полека го фаќа вистинскиот правец со Срѓан Захариевски, па така по ремито со силниот Гостивар, тимот од Скопје оствари голема победа во Кавадарци.

Решавачкиот момент се случи во 72-та минута кога мрежата на Тиквеш ја погоди Закариќ со велемајсторски удар, погодок кој донесе победа и огромни три бода за најтрофејниот клуб во Македонија. До крајот на мечот, Тиквеш успеа да постигне гол длабоко во судиското продолжение, но истиот беше поништен од судиите поради офсајд и беше означен крај на мечот со доста негодувања од домашните фудбалери, но и повреда на еден од помошниците на Ставрев (беше погоден со предмет од трибините).

Од останатите натпревари, за издвојување е победата над Шкендија која убедливо ја торпедираше Воска со 5:1, додека во дербито на колото, Шкупи како гостин ја преслуша Струга со 0:3.

Шампионот е во кризен период и тоа го потврди на денешниот меч, на кој херој беше Тамба со три гола во мрежата на домашниот тим.

Гостивар пак им се врати на победите со триумф во Кратово кај Силекс со 1:2, Пелистер ја победи Беса со 2:3, додека единственото реми го одиграа Работнички и Брера во Скопје (1:1).

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни