Поврзете се со нас

Италија

„Плусваленца“ случај за Наполи: Де Лаурентис ќе одговара за трансферот на Осимен

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Обвинителството во Рим ја завршило истрагата за евентуална финансиска измама при трансферот на Виктор Осимен од Лил во Наполи и пред судот е истакнато дека има докази за фалсификување на сметководствените книги на италијанскиот клуб.

Аурелио Де Лаурентис, неколку члена не неговата фамилија и директори во Наполи се потенцијални обвинети за учество во реализацијата на трансферот во 2020 година на спорен начин.

Официјалната сума за Осимен беше 70 милиони евра, но Наполи ја намали за 20 милиони евра, испраќајќи четири играчи во спротивна насока.

Обвинителството смета дека вредноста на тие четири фудбалери била вештачки зголемена за да соодветствува на сумата, со што Наполи направил „плусваленца“ прекршок за кој во минатото казна доби Јувентус.

Фудбалерите со кои Наполи ја намалил трансфер сумата испраќајќи ги во Лил се Орестис Карнезис, Луиџи Лиџуори, Клаудио Манци и Чиро Палмиери.

Покрај претседателот Де Лаурентис, обвинети се и неговата сопруга и двата сина поради нивните клупски функции, како и неколку членови на бордот на директори.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни