Пливањето ќе заплови во нови води: АМС бара усогласување на актите и работа според Законот за спорт

ljupcho angelovski

Пливањето ќе заплови во нови води. Според сугестијата од Агенцијата за млади и спорт, Пливачката федерација на Македонија и дел од пливачките клубови не функционираат и не работат според законските начела и акти, а не функционираат ниту нивните органи и тела – се вели во дописот до Пливачката федерација на Македонија.

Поради тоа, продолжува во дописот, Агенцијата за млади и спорт бара сите пливачки клубови да поведат постапка и да ги усогласат актите и работењето со Законот за спортот, до 15 октомври 2017 година, по што АМС како орган надлежен за дејноста спорт, ќе им издаде решение за вршење дејност спорт-пливање со кои ќе ги стекнат сите права и обврски во оваа дејност.

На крај, од дописот се вели дека клубовите кои нема да ги достават потребните документи и нема да поведат постапка до 15 октомври оваа година, Агенцијата за млади и спорт по службена должност ќе го поништи издаденото решение за вршење дејност спорт.

Клубовите кои ќе ја реализираат обврската и ќе добијат уверение, ќе учествуваат и во формирањето на новите тела на Пливачката федерација која одамна не функционира на посакуваното ниво.

Facebook Коментари