Пливачкиот клуб Бета со успешен настап се врати од митингот во Бања Лука

banja-luka-beta
Пливачкиот клуб Бета постојано ја претставува Македонија во најдобро можно светло на сите меѓународни турнири, а така беше и изминатиов викенд откако членовите на нашиот клуб се покажаа доста добро на силниот пливачки турнир во Бања Лука.
Босна и Херцеговина беше домаќин на пливачкиот натпревар „Бања Лука Опен“ на кој свој настап земаа и наши претставници, кои сепак се погрижија да се вратат со медали во својата родна земја.
Цветковски Стефан освои бронзен медал на 50 метри делфин и сребрен на 100 метри делфин, Ангеловски Љупчо освои трето место на 50 метри делфин, додека Милковска Јана го освои златото на 200 метри делфин со тоа што постави и рекорд на митингот во нејзина категорија. Јана уште се натпреваруваше и во 50 метри делфин каде освои второ место и 100 метри слободно каде освои трето место, а од позначајните резултати уште за издвојување се оние на Стошиќ Александар кој успеа да се избори за финале во дисциплинита 50 метри слободно и 50 метри грбно, како и Стојаноски Андреј кој влезе во финале во трката 200 метри слободно.

Facebook Коментари