Поврзете се со нас

Шпанија

Плетенберг тврди дека трансферот на Елиф е комплетиран: Елмас се сели во Ла Лига (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/RBLeipzig

Флоријан Плетенберг често ги има најголем дел од ексклузивите кога се во прашање играчите од германските клубови, па така доцна во ноќта угледниот новинар на „Скај Германија“ објави дека Елиф Елмас и дефинитивно си заминува од РБ Лајпциг.

Македонскиот репрезентативец воопшто не се адаптираше во новата средина и после точно една година во Германија ќе бара шанса на друго место, и тоа како позајмен фудбалер во редовите на Валенсија.

Шпанскиот фудбалски великан минува низ тежок период и води грчевита борба за опстанок во овој момент, но управата на „лилјаците“ верува дека со играч како Елмас ќе биде многу поблиску до остварување на целта, а тоа е задржување на прволигашкиот статус.

Медиумите од Пиринеите веќе два дена пренесуваа дека тренерот Карлос Корберан директно стапил во контакт со Елмас за да го привлече на „Месталја“, а сега со своја ексклузива излезе и Плетенберг.

Угледниот новинар информира дека трансферот е речиси комплетиран, па Елмас во најскоро можно време ќе му стане соиграч на Столе Димитриевски и на клупски план.

Елмас има важечки договор со РБ Лајпциг до 2028-ма година, а во Валенсија ќе игра како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни