„Плејстејшн“ му одговори на Мурињо: Кај нас нема… (Фото)

joze-basel

Жозе Мурињо по крајот на мечот со Базел ги нападна своите играчи за начинот на кој почнале да се опуштаат при резултат 2:0, но додека го правеше тоа, португалскиот стручњак направи една необична споредба со видео игрите кои се играат на „Плејстејшн“.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед посочи дека неговиоте играчи почнале да се однесуваат како да се дел од видео игра на „Плејстејшн“, а сега пристигна одговор од познатиот јапонски бренд кој навистина доста дрско му одговори на Португалецот за споредбата.

– Извини Жозе Мурињо, но на „Плејстејшн“ нема паркирани автобуси…. Тука сме за да се забавуваме!, – гласи твитот а Плејстејшн кој експресно стана вирален хит број еден на социјалните мрежи.

Facebook Коментари