Плејмејкерот го одбра новиот клуб: Чачо Родригез повторно ќе соработува со легендарниот Месина

sergio-rodriguez

Еден од најдобрите европски плејмејкер, Серхио Родригез по две минати години си замина од таборот на ЦСКА Москва и постоеше дилема каде ќе ја продолжи кариерата со тоа што на својата адреса имаше понуда од неколку клубови.

На крајот според извори на „Спортандо“ тој се одлучи за италијанскиот прволигаш Олимпија Милано кој во новата сезона ќе се обиде да ги реализира високите амбиции под водство на легендарниот Еторе Месина. Популарниот Чачо и Меси во минатото веќе соработуваа во Реал Мадрид, добро се познаваат, па дефинитивно ова е една од причините за да Шпанецот се реши за клубот од Милано.

Родригез во минатава кампања имаше учинок од 10,2 поени и 4,5 асистенции во Евролигата и 11,5 поени, 4,7 асистенции во ВТБ лигата. Серхио во својата досегашна кариера го има носено и дресот на Естудијантес. Портланд, Сакраменто, Њујорк и Филаделфија.

Facebook Коментари