Платини со сензационална изјава фрли црна дамка на незаборавното финале на СП во Франција!

platini-1

Големите фудбалски фанови сигурно имаат позитивни сеќавања од случувањата на Светското првенство во Франција кое се одигра во 1998 година, натпреварување кое имаше навистина убав и блескав крај со спектакуларно дерби меѓу домаќинот на турнирот и моќниот Бразил.

Франција имаше сензационален турнир и на крајот го надигра Бразил со убедливи 3:0 во големото финале, но сега токму за овој натпревар се крена голем прав во светската спортска јавност, пред се благодарение на контроверзниот Мишел Платини кој со една невнимателна изјава предизвика бура од реакции.

Поранешниот претседател на УЕФА беше дел од организацијата на големото натпреварување во неговата родна земја, а со своето признание дека била наместена ждрепката, или поточно распоредот за да се поклопат коцките кога е во прашање проектираното финале кое и на крајот се исполни.

– Кога го правевме календарот, направивме неколку трикови за да го добиеме тоа што го сакаме. Ако ние и Бразил завршевме први во групата, не можевме да се сретнеме пред големото финале. Тоа на крајот и се случи. Се подготвувавме шест години за Светското првенство, секако дека направивме трикови. Немој да мислите дека другите не го прават тоа, – открива Платини за „Франс Блу Спорт“.

Facebook Коментари