Свет
Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Луѓето од мојата генерација веќе не гледаат натпревари
Мишел Платини важи за еден од најдобрите играчи на сите времиња, но фудбалските фанови го паметат и по неговиот престол во УЕФА кој на крајот не заврши баш на добар начин поради скандалот со корупција.
Легендарниот Французин беше прв човек на УЕФА речиси 10 години и на неславен начин го заврши својот мандат, но иако сега е дистанциран од фудбалот во последната деценија, Платини реши да се активира со еден револуционерен предлог.
Во период кога играчите постојано се жалат за новите натпреварувања кои ги смислуваат ФИФА и УЕФА, Платини смета дека е време за поголема промена во фудбалската игра во поглед на бројот на играчи на теренот.
– Можеби најдобро решение за фудбалот би било ако се повлече по еден фудбалер од секој тим. Мислам дека ќе се гледа подобар фудбал со 10 играчи на теренот. Тимовите броеја 11 играчи и во мое време, но тогаш се трчаше многу помалку, играчите не беа толку силни и се играше побавен фудбал.
– Луѓето од мојата генерација веќе не гледаат фудбал бидејќи не ја препознаваат оваа игра. Денеска има повеќе додавања наназад, отколку напред. Не сакам да критикувам, но луѓето од мојата генерација беа навикнати да гледаат напаѓачки фудбал, затоа ова денеска не им се допаѓа. Има многу тактизирање и непотребен посед на топка, – вели Платини.
-
Свет13 часа
Гвардиола за најголемиот фудбалер на сите времиња: Никогаш не сум видел некој како него…
-
Свет6 часа
Роналдо се сретна со Шчесни и привлече внимание со коментарот кој му го даде за трансферот во Барса (Видео)
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ не беше задоволен од реакцијата на своите блиски соработници кои сега се во тимот на Синер (Видео)
-
Лига на нации15 часа
Кин за англиската ѕвезда: Не можам да поверувам колку е лош, подобри тимови…
-
Италија15 часа
Бонучи го „избриша“ Милан од трката за Скудетото: За титулата ќе се борат…
-
Лига на нации10 часа
Норвешка потопена, Халанд на „тапет“: Знаев дека ќе побегне…(ВИДЕО)
-
НБА13 часа
Јокиќ трчаше, Вестбрук му мереше време: Многу си брз (ВИДЕО)
-
АТП11 часа
Ѓоковиќ за Синер: Една работа ме потсетува на мене…