Поврзете се со нас

Италија

Платини посочи кој ќе го реши дербито меѓу Интер и Јувентус

Објавено

на

Утре во вечерниот термин од 20:45 часот се игра големото италијанско дерби меѓу Интер и Јувентус, две екипи кои заедно со Милан се издвојуваат и се во прв план во трката за титулата во Серија А.

„Нероаѕурите“ ќе влезат во дуелот со 37 бода, поточно со 4 повеќе од „бјанконерите“ кои имаат и еден заостанат натпревар со Наполи. Поради сетоа ова и комплетнот ривалство меѓу клубовите со големо натпрение се очекува битката на „Џузепе Меаца“, битка за која прогноза околу победникот даде легендарниот Мишел Платини.

Според Платини трите бода ќе ги освои Јувентус, а клучен за тоа ќе биде Кристијано Роналдо.

-Како ќе заврши? 1-0 со голот на Роналдо. Ама ќе биде возбудливо. Во однос на Скудетото, внимавајте на Милан. Секогаш доаѓаат до резултати, тие се први и нема да застанат. Битка е оваа сезона во Серија А, -порача Мишел за „Газета Дело Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни