Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Платини: Клубовите не мора да играат во ЛШ, УЕФА ја украде идејата од „Лекип“

Објавено

на

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, вели дека е против идејата некој да игра во одредено натпреварување без да обезбеди учество на терен, но од друга страна УЕФА и ФИФА немаат право да ги спречат клубовите да формираат друго натпреварување.

Французинот во својата последна изјава зборувал на оваа тема и вели дека целиот конфликт е смешен.

– Овој судир на двете страни ми е смешен. Клубовите 50 години се обидуваат да ја пронајдат вистинската формула и овој пат за малку ќе успееја. Сепак, медиумите и фановите го направија она што УЕФА не успеа, а тоа е да ги здружи другите клубови.

– Клубовите имаат право да формираат свое натпреварување и да не учествуваат во Лигата на шампионите и други турнири на УЕФА и ФИФА. Да не заборавиме дека пред 60 години УЕФА ја украде идејата на „Лекип“ за формирање на Купот на европските шампиони. И мене ми пречи учество без обезбеден пласман на терен, но да бидам искрен, јас гласав против формирањето на Лигата на шампионите во 1992 година, – изјавил Платини.

Фудбалската легенда не го оправдува и начинот на кој претседателот на УЕФА, Александар Чеферин зборува за претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.

– Претседател на УЕФА не смее да зборува на таков начин. Знам дека Ањели и Јувентус постојат одамна и ќе продолжат да постојат, додека Чеферин нема да биде на таа функција засекогаш, – рекол Платини.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни