Поврзете се со нас

Формула 1

Пламен и пеплосан болид во Сочи: Страшен инцидент ја прекина Ф2 трката во Русија (Видео)

Објавено

на

Пред да стартува Ф1 трката за големата награда на Русија, ова претпладне се возеше втората викенд трка во Формула 2, а истата за жал траеше само 10 минути.

Возачите едвај извозеа седум круга, кога Џек Ејткен и Лука Гиото приредија страшен инцидент на автодромот во Сочи, по што стјуардите веднаш покажаа црвено знаме, а поради уништената заштитна ограда, трката не можеше да продолжи.

Огромните штети на заштитната ограда не можеа да се санираат во посакуван рок, бидејќи ударот до толку беше силен, што едниот болид се запали и пожарот беше изгасен со ПП апарат.

Вистинска среќа е што двајцата возачи сами излегоа од болидите и немаа никакви посериозни повреди, но нивното невнимание на кривината три, им го уништи викендот на останатите, бидејќи лимитираното време и најавениот старт на Ф1 трката во 13:05 часот, направи да биде невозможен рестарт на трката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни