ПК Бета се враќа со голем број медали од меѓународните натпреварувања

mak_plivaci PKBeta

Пливачите од клубот Бета освоија медали на меѓународни натпревари во Трст, Италија и во Крагуевац, Србија.

Од пливачите кои настапија на „Куп Крагујевац“ Сара Анастасовска освои прво место во дисциплината 50 метри грбно и трето место во дисциплината 200 метри слободно, додека Жабокова Ана освои трето место во дисциплината 50 градно.

Од пливачите кои настапија на „Марко Соранцио“ во Трст, Стефан Цветкоски освои второ место во дисциплината 50 метри делфин и трето место во дисциплината 100 метри делфин, а Јана Милковска освои второ место во дисциплината 100 метри слободно, второ место во дисциплината 100 метри делфин и трето место во дисциплината 50 метри делфин.

Facebook Коментари