Пјонтек се пофали пред фановите со новиот број на дресот на Милан

pjontek-pistolero

Кшиштоф Пјонтек останува еден од најважните играчи на Милан, а ова ќе му биде прва целосна сезона во дресот на „росонерите“, каде пристигна во јануари од редовите на Џенова.

Полскиот репрезентативец очекува уште подобри игри во дресот на Милан, а ќе биде помотивиран откако клубот му дозволи да го преземе дресот со број 9.

Пјонтек вечерва преку социјалните мрежи и со помош на клубот им соопшти на фановите дека е нова „деветка“ на Милан, нешто што го посакуваше уште во јануари, но мораше да го избере бројот 19, наводно затоа што тренерот Џенаро Гатузо сметал дека нема да може да се носи со притисокот кој го носи дресот со број 9. Овој број не донесе многу среќа за играчите кои го добиваа уште од времето на Пипо Инѕаги, а во своја сопственост го имаа и играчи како Пато, Торес и Игуаин.

Но, денеска Милан му ја додели „деветката“ на Пјонтек, а напаѓачот го убеди раководството дека тоа е вистински чекор, откако веќе постигна 11 голови на 21 натпревар.

pjontek-9

Facebook Коментари