Поврзете се со нас

АТП

Пјетранџели: Ѓоковиќ најголем? Никогаш нема да го стигне Федерер

Објавено

на

Во тенискиот свет понатаму се дискутира, води дебата за тоа кој е најголем на сите времиња особено сега кога Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се на бројката од 20 грен слем трофеи.

Многумина го делат мислењето дека Ѓоковиќ како најмлад од големата тројка ќе заврши како играч со најмногу триумфи на најзначајните турнири, а со тоа ќе го бетонира статусот на најдобар тенисер во историјата.

Со ова не се согласува легендата на италијанскиот тенис, Никола Пјетранџели кој смета дека Ноле никогаш нема да може да го надмине Федерер.

-Без никаков сомнеж, Федерер е ГОАТ (најголем на сите времиња). Нема да го мине Федерер, дури и ако постави рекорд по бројот на освоени грен слем турнири. Да речеме дека Новак е голем рекет кој никогаш нема да биде најголем, -објасни Пјетранџели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни