Формула 1
Пјастри недопирлив за ривалите, трката во Кина ја потврди доминацијата на Мекларен

Оскар Пјастри без никакви проблеми и ризици ја претвори пол-позицијата во победа на Формула 1 трката во Кина, а неговиот тимски колега Ландо Норис овојпат мора да се задоволи со втората позиција.
Мекларен испорача уште една доминантна трка во која не дозволи закани од ривалските тимови и со еден-два триумф се зацврсти на првото место на ранкингот на конструктори, каде сезонава ја брани ланската титула.
Трката во Кина не донесе речиси ниту едно возбудување, па на крајот водечката шесторка од квалификациите ја заврши трката на речиси идентични позиции (замена само на позициите на Леклер и Хамилтон).
Макс Ферстапен на стартот ја загуби позицијата и се најде зад двата болида на Ферари, но на крајот се врати на четвртото место и ги остави Леклер и Хамилтон зад себе, односно на петтото и шестото место.
Џорџ Расел привремено беше втор, но на крајот се чини ќе биде задоволен и со третото место на трката за ГН на Кина.
Одлична трка во Шангај имаа болидите на Хас, откако Окон го освои седмото, а Берман десеттото место, додека меѓу нив се најдоа Антонели и Албон.
-
Свет24 часа
Омилениот клуб на Папата испрати последен поздрав: Фан со кој се гордеевме!
-
Англија21 час
По Де Брујне заминува уште една клупска легенда: Сити му ја соопштил конечната одлука на важен играч
-
Италија20 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
Англија21 час
Барнли го доби дербито, се враќа во Премиер лигата во пакет со Лидс Јунајтед
-
НБА19 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
Италија23 часа
Од голман до гол: Серија А ја издвои „Гасперини бол“ акцијата за победа на Аталанта (Видео)
-
НБА9 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Варди им се извини на фановите: Лестер имаше засрамувачка сезона