Свет
Пјаниќ: Само еден играч ме изненадува во актуелниот фудбал
Миралем Пјаниќ важеше за еден од најдобрите играчи за врска во Италија пред четири години и во тоа време направи голем трансфер од Јувентус во Барселона, потег кој на крајот испадна дека значеше почеток на крајот на неговата блескава кариера во елитното друштво.
Босанецот значително опадна во формата како член на каталонскиот гигант и не доби вистинска минутажа, па откако не се снајде ниту во Бешикташ и Шарјах, во 2024-та година направи изненадувачки трансфер во ЦСКА Москва.
Миралем на 34 години не планира да се откаже и верува дека може да му помогне на својот актуелен тим, но кога се во прашање најинтересните случувања во европскиот фудбал, вели дека во последно време внимание му привлекува само еден фудбалер.
– Како играч кој има видено се во фудбалот, не може да ме изненади речиси ниту еден играч. Ако зборуваме за актуелниот фудбал, сепак има еден кој ме изненадува.
– Навистина сакам да го гледам Ламин Јамал додека ја има топката во своите нозе. Кога јас бев во Барселона, веќе во тоа време зборуваа за него. Ми велеа дека има млад талент кој ќе биде голема ѕвезда и очигледно имаа право. Ние како фудбалска заедница мора да заштитиме таков фудбалер, тој има неверојатен талент и може да одбележи една ера, – смета Пјаниќ.
-
АТП14 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија23 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Италија21 час
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
Англија24 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
АТП22 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
АТП18 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
Шпанија24 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
АТП20 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)