Поврзете се со нас

Свет

Пјаниќ пристигна во Москва за промоција во новиот клуб

Објавено

на

Foto:twitter.com/NFSBiH

Миралем Пјаниќ има нов клуб и во иднина ќе настапува во руското фудбалско првенство.

Поранешниот играч на клубови како Јувентус и Барселона се договорил за соработка со рускиот великан ЦСКА Москва и ќе отвори ново поглавје во финишот на професионалната кариера.

Последните две години Пјаниќ настапуваше за екипата на Шарјах од Обединетите Арапски Емирати, a сега ќе се обиде да му помогне на тимот кој последните сезони е далеку од своите посакувани резултати.

Интернационалецот од БиХ самиот го потврдил новиот ангажман во осмиот клуб во кариерата, откако досега настапуваше за Мец, Лион, Рома, Јувентус, Барселона, Бешикташ и Шарјах.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни