Поврзете се со нас

Свет

Пјаниќ и Барселона имаат договор, постои само еден проблем за бомбастична размена

Објавено

на

Коронавирусот предизвика огромна криза во секое поле во секојдневното функционирање и тежок удар добија и светски познатите клубови кои „тежат“ милиони, па затоа за очекување е дека наредниот преоден рок ќе биде заснован на многу позајмици, но и размени на фудбалери слично како во НБА лигата.

Тоа всушност најмногу го форсира оперативецот на Јувентус, Фабио Паратичи, кој во ова време подготвува една сензационална размена на релација  Торино-Барселона. Јуве е подготвен да се откаже од Миралем Пјаниќ кој по се изгледа сака уште еден голем предизвик во кариерата, додека целта на италијанскиот првак е за возврат да го добие талентираниот Артур Мело кој недоволно добро се разви на „Камп Ноу“.

Угледната „Газета“ денеска излезе со ексклузива дека Босанецот дал зелено светло и кажал „ДА“ на понудата која ја добил од каталонскиот гигант, а бидејќи постои добра синтонија меѓу двете страни се да излезе на најпосакуван можен начин, во моментов се јавува само еден проблем.

Истиот се вика Артур Мело, бразилскиот талентиран везен фудбалер, кој сега ќе биде ставен во ситуација да биде приморан за трансфер кој првично не го сака.

Артур пред извесно време нагласи дека се уште се гледа во дресот на Барселона, но оваа иницијатива на клубот да преговара за негова замена може да го принуди да си ги „спакува куферите“, а во меѓувреме ќе треба да се види дали би се согласил на преговори со Јувентус кој планира да му гарантира статус на стартер во тимот на Сари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни