Поврзете се со нас

Шпанија

Пјаниќ е подготвен да повлече драстичен потег за да остане во Барселона

Објавено

на

Миралем Пјаниќ се врати во Барселона по позајмицата од Бешикташ и се обидува со ангажираност, посветеност да се избори во тимот под водство на Чави Ернандес.

Самиот тренер е задоволен од работата на Пјаниќ на тренинзите и натпреварите, па интересно се отвара можност Босанецот да остане на „Камп Ноу“. Сепак допрва ќе треба да се одлучи за ова прашање со тоа што ако играчот за врска сака да остане тогаш дефинитивно ќе мора да се откаже од дел од платата која е висока или не е во проекцијата на клубот кој има зацртан финансиски план.

Според шпанските медиуми Миралем е подготвен на таков потег, да се откаже од пари само за да игра под палката на Ернандес.

Репрезентативецот на БиХ има договор до 2024 година, па во оваа ситуација не се исклучува и негова продажба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни