Пјаниќ и Џеко направија акција за гол на сезоната, судиите неоправдано го поништија (Видео)

bosna

Оваа вечер се играа нови средби од Лигата на нации, а една од нив е пресметката меѓу Босна и Херцеговина и Северна Ирска.

Босанците по првите 45 минути имаат позитива од 1-0 со погодокот на Един Џеко, но воедно им беше поништен еден страшен гол кој можеше да влезе во кандидатите за најдобар, најатрактивен во оваа кампања.

Истиот беше во режија на Пјаниќ и Џеко, првиот мајсторски асистираше, вториот погоди, ама арбитрите го поништија голот поради наводен офсајд кој дефинитивно не постои и тоа го покажуваат снимките.

Facebook Коментари