Поврзете се со нас

Свет

Пјаниќ дебитираше со страшна асистенција, Батшуаји не можеше да поверува дека даде гол со задник (Видео)

Објавено

на

Мичи Батшуаји доби дозвола за нова позајмица откако му беше јасно ставено до знаење дека не е во плановите на Томас Тухел, па така сега белгискиот репрезентативец е прв напаѓач на Бешикташ.

Турскиот великан ова попладне победи Јени Малатијаспор со сигурни 3:0, натпревар на кој до израз дојде токму Батшуаји со своите два погодоци.

Деби на оваа средба имаше Миралем Пјаниќ кој брзо покажа дека е класа за себе во фудбалска Турција, а со неговата извонредна асистенција, Мичи го постигна првиот од два гола.

Сепак, огромно внимание предизвика погодокот со кој беше ставена точка на мечот, а кој беше постигнат навистина случајно.

И самиот Батшуаји не можеше да поверува дека постигна гол со својот задник, откако голманот на Малатијаспор имаше катастрофална реакција во 52-та минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни