Поврзете се со нас

Италија

Пјаниќ: Алегри е подобра опција од Конте за Јувентус

Објавено

на

Foto:instagram.com/miralem_pjanic

Антонио Конте се раздели со Тотенхем и може да размислува за следен тренерски ангажман, што истовремено ќе значи и постојани шпекулации за неговиот следен клуб.

Италијанските медиуми одамна го поврзуваат со Конте со враќање во Јувентус, но се чини дека во моментов Макс Алегри е во добра позиција и мали се шансите да заработи отказ по вака комплицирана сезона за „бјанконерите“.

Миралем Пјаниќ како поранешен играч на Јувентус ја коментирал оваа ситуација и објаснил што мисли околу најдобрата солуција.

– Го знам менталитетот на Јувентус и Алегри. Макс врши одлична работа во многу комплицирана ситуација.

– Јуве е втор на табелата, но мислам дека можат да влезат во Топ 4 дури и со казната.

– Конте е одличен тренер, но не е за Јувентус во моментов. Ако бев менаџер, секогаш ќе сакав тренер како Алегри, тој си ја врши работата одлично и никогаш не се жали, дури ни во ваква година, – изјавил Пјаниќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни