Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Питер Шмајхел го откри херојот од вчерашниот натпревар: Да не беше тој, немаше да ја освојат Лигата на шампионите

Објавено

на

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел даде свое видување за вчерашниот финален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Баерн Минхен и ПСЖ.

На крајот славеше германскиот тим кој натпреварот го доби со минимални 1:0, а може да се каже дека херој на „баварците“ е голманот Мануел Нојер кој спречи неколку одлични шанси на ПСЖ.

На такво размислување е и легендарниот Шмајхел кој истакна дека доколку Нојер не бил на нивото, Баерн немало да ја освои титулата.

– Нојер на натпреварот беше едноставно фантастичен. Баерн не би победил на ова натпреварување со било кој голман кој не брани така.

– Тој исто така на тимот му дава голема самодоверба со своите додавања, -изјави Шмајхел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни