Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Питер и Каспер Шмајхел се посрамотија поради играч на Динамо (ВИДЕО)

Објавено

на

Динамо Загреб и Селтик одиграа без победник и без голови на средбата на „Максимир“ во Лигата на шампионите, бод со кој засега двете екипи остануваат во зоната која води во нокаут фазата.

По дуелот на едно место ги имавме Питер и Каспер Шмајхел, односно таткото и синот како имаат разговор за „Си-Би-Ес“, а токму на самиот старт не се прославија и добија критики за тоа затоа што не го знаеја презимето на Марко Пјаца кој беше меѓу најопасните домашни играчи.

Каспер посебно се истакна со една интервенција, а тоа го потенцираше Питер кој не го знаеше асот на Динамо посочувајќи дека е Пјаниќ, Пенсил…што секако не е професионално особено плус ако се земе предвид дека Пјаца има респектабилна кариера во која настапуваше за Јувентус, Фиорентина, Шалке, Џенова, Торино, Емполи, Андерлехт што значи дека и не е непознат играч.

-Таа одбрана… Пјаниќ? Пенсил? Не можам да се сетам на неговото име, -рече Питер.

-И јас не можам да се сетам на неговото име-додаде Каспер.

Потоа Питер продолжи:

-Тоа беше добар удар со глава, а Каспер добро реагираше. Иако беше во расчекот, успеа да се врати и да одбрани. Може да се каже дека тоа е работа на голманот, но во ваков натпревар, каде што ништо не се случува до крајот, одбраната како оваа е многу важна, -истакна некогашниот голман на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни