Писонеро: Залуден ќе биде триумфот над Монпелје ако не го победиме Порто

pisonero-dibirov

Екипата на Вардар имаше победнички старт на Лигата на шампионите и тоа на гостувањето во Франција во Монпелје, но сега пред „црвено-црните“ е нов предизвик, прв домашен меч во истата конкуренција против тимот на Порто.

Вардарци го пречекуваат португалскиот прволигаш во недела од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“, а целта е да се дојде до нов триумф, нови бодови со кои би било потврдено славјето од првата рунда во ЛШ.

– По победата над Монпелје сега мораме одново да триумфирамее инаку тие бодови нема ништо да значат. Порто е една од најдобрите екипи во светот која игра „седум на шест”, па ќе видиме како ќе се адаптираме на таа игра. Ова е прв меч на домашен терен и ќе се обидеме да се претставивме во најдобро издание. Немаме можност да играме често против екипа како Порто, ние сме навикнати на таква игра само повремено, -истакна тренерот на Вардар, Давид Писонеро.

Оваа средба ќе ја пропуштат капитенот Стојанче Стоилов и новото засилување Жозе Толедо.

Facebook Коментари