„Пиштолџијата“ Савидис објасни која му била намерата при влетувањето на теренот

savidis-pistol

Првиот човек на ПАОК, Иван Савидис ја шокираше комплетната светска јавност откако го прекина големото дерби со АЕК во неделата и кога влета на теренот со пиштол на својот ремен, а бидејќи сето ова резултираше со исклучително негативни реакции и суспендирање на фудбалот во Грција од страна на властите во оваа земја, сега конечно дочеквме и изјава од страна на главниот актер на сето она што се виде на теренот.

Претседателот на грчкиот фудбалски гигант излезе со своја верзија за она што го изведе во неделата, порачувајќи дека немал никаква намера да повреди некого со пиштолот и дека единствено што сакал е да ги заштити фановите на ПАОК кои според него беа жртва на уште една голема судиска неправда.

– Жалам за сето она што се случи, им се извинувам на навивачите на ПАОК, на сите грчки љубители на фудбалот и на целата јавност. Немав намера на такво начин да влетам и да пристапам на терернот, но мојата емотивна реакција е последица на сето она негативно што се случува во грчкиот фудбал, и пред се на неприфатливите случувања во финишот од мечот со АЕК (на ПАОК му беше поништен гол кој најпрво беше признат). Мојата реакција беше само заштитувачка, сакав да ги заштитам илјадниците фанови на трибините кои беа испровоцирани, сакав да спречам да има човечки жртви. Верувајте ми дека не сакав да имам контакт со судиите и противничките играчи, не му се заканував на никого. За жал, јас и моето семејство сме жртви на нездравиот фудбалски систем и фудбалски врв. Се борам, се борев и натаму ќе продолжам да се борав за фер фудбал, фер судење и за титулата во Грција, – порачува Савидис за кого се споменува дека може да биде и уапсен од грчката полиција.

Facebook Коментари