Пирс се отвори за нападот пред две децении: Луѓето ова не го знаат, ама носев пиштол…

pirs

Пол Пирс е играч кој дефинитивно остави трага во НБА лигата играјќи за Бостон Селтикс, Бруклин Нетс, Вашингтон Визардс и Лос Анџелес Клиперс со тоа што дефинитивно ќе биде запаметен по настапите за „келтите“ каде и ја освои единсивената шампионска титула во 2008 година.

Меѓутоа на Пирс дефинитивно не му беше лесно да мине две децении во најсилната лига на светот особено ако се знае фактот дека во 2000 година во неговата трета сезона во Бостон беше неколкупати прободен во ноќен клуб, односно му висеше животот на конец.

Пол ги издржа тие тешки моменти, потоа се врати на терените и покажа дека е голем натпреварувач, борец кој со големи букви ќе биде испишан во историјата на Селтикс. Сега после 20 години попуарлниот „The Truth“ се отвори за случувањата пред две децении, потoчно обелодени дека по тој настан две години носел пиштол со себе.

-Луѓето не го знаат ова, но јас всушност носев пиштол две години по тој настан. Бев толку параноичен. Го чував во автомобилот, го имав на мене, бев многу параноиден, не можев да бидам во гужва. Кога ќе ви се случи такво нешто, тоа е трауматично. Тоа ве менува. Не знаете каде одите, не знаете каде да гледате, ти си на прсти. Ти си на прсти и викаш „човече некого ќе убијам, -истакна Пирс во емисијата со Мет Барнс и Стивен Џексон.

Facebook Коментари