Поврзете се со нас

Италија

Пирло: Во Милан не е како во Јувентус, одбив понуди од Серија А и Премиер лигата!

Објавено

на

blank

Андреа Пирло денеска и официјално беше промовиран како нов тренер на тимот на Јувентус до 23 години, што за него претставува прво вакво искуство во кариерата откако се повлече од фудбалот пред три години.

Пирло како успешен играч за врска крај на својата кариера стави во Америка, но сепак првата работа како тренер ја доби во клубот кој последно го претставуваше во Италија, па на денешниот прес откри дека по завршувањето на играчката етапа, многу поактивни му останале контактите од Торино, отколку оние од Милано.

– Горд сум што ја започнувам мојата тренерска кариера и што ќе искусам нешто ново и поразлично. Не можам да дочекам да стартувам со новата рбаота, годините кои ги минав надвор од фудбалот ме натераа да сфатам што сакам да правам. Многу сум среќен што се вратив во Јувентус.

– Дојдов во Торино после 10 години во Милан и бев добредојден во ова семејство. Имам добар однос со сите луѓе и со играчите на овој клуб. Кога го напштив Торино, останав во контакт и сите се пријателски настроени кон мене. Истото не важи за Милан, таму нема речиси никој од времето кога јас си отидов.

– Имав понуди од Серија А и Премиер лигата, но проценив дека Јувентус е најдобро место да ја започнам кариерата како тренер, – порача Пирло.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни